Нова песна на Наташа Миха – „Сé што знам“


Нова авторска песна на Наташа Миха, со наслов „Сé што знам“. Станува збор за поп сингл со модерен звук кој умешно се носи со естетските стандарди на светската музичка сцена, притоа задржувајќи го автентичниот артистички израз и печат на Наташа.

-“Сé што знам” е дело кое дели сличен тематски концепт со моите досегашни авторски песни. Музиката и аранжманот се вистинско звуковно освежување чија колоритност и динамика испровоцираа интимност и игривост во мојот вокален израз. Секоја нова можност за експериментирање и проширување на границите го буди детето во мене, желно за освојување  нови хоризонти. Во подготовка сум на свој солистички албум кој сакам да биде објавен во блиска иднина…

„Сé што знам“ е снимена во GreenRoom Sound студио во Скопје. Зад музиката се потпишуваат Дамир Пух и Наташа Миха. Текстот е на Наташа, а изработката на аранжманот, како и целосниот микс и мастеринг на песната се дело на Дамир.

Видеото е снимено на локација во околина на Скопје, во продукција на Ѓорѓи Вацев.

„Со Ѓорѓи веднаш се согласивме дека битот на песната е она што најмногу движи, па едногласно решивме видео записот тотално да кореспондира со истиот. Идејата за возење бесен автомобил во планински предели и есенски колорит ме освои од прва. За време на снимањето имавме супер опуштена атмосфера и одлична соработка. И, секако, возењето беше безбедно. Топло ви препорачувам да ја слушнете „Сé што знам“ додека сте зад волан, искуството е посебно“

 

https://youtu.be/EWAKtt5Pyo8

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.