Црвен крст- ОО Гевгелија ја одбележува Неделата на грижа за старите лица. За таа цел, беше организирана едукативна работилница на тема „Здраво и активно стареење – важен дел од нашиот живот“ за пензионерите од Гевгелија, Богданци и Дојран. По тој повод, Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, го посети Црвен крст- ОО Гевгелија. Имено, на средбата со секретарот Лазар Мешков разговараа за претстојните активности на хуманитарната организација, при што Сарамандов ја изрази својата поддршка, истакнувајќи дека Општина Гевгелија е отворена за соработка. За што, наскоро ќе биде потпишан и Меморандум за соработка помеѓу Општина Гевгелија и Црвен крст- ОО Гевгелија.Со потпишувањето пристапница, градоначалникот Сарамандов официјално стана член на семејството на Црвен крст- Гевгелија.
Едукативна работилница „Здраво и активно стареење – важен дел од нашиот живот“
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.