Почетна ЖИВОТ Хуманост и семејни вредности Професорот Коста Балабанов се закити со “Цветинова награда за мир”

Професорот Коста Балабанов се закити со “Цветинова награда за мир”

Вчера, 16.11.2021 година, му беше доделена “Цветиновата награда за мир” на Проф.Д-р Коста Балабанов, историчар на уметноста, научен работник, публицист, дипломат .

Вчера беше и 75.годишнината на УНЕСКО, Организација за мир, наука, образование и култура на ОН. Затоа беше одбран овој датум, за овенчување со оваа награда.

Професорот Балабанов уште од почетокот на 90-те години го поддржуваше во неговата мисија за мир со цвеќето.Тогаш напиша и еден есеј “Живко А. Поповски во борбата со црниот коњ”, и тоа му беше и како патоказ понатаму.
Во 1994 година му отвори изложба во МНТ под наслов “Здравје Мир”која беше донирана за Клиниката за нефрологија. Исто така како претседател на Здружението за македонско- јапонско пријателство (во кое и Цветин беше  еден од основачите) беше промовирана “Мисијата во Земјата на изгрејсонцето”.
Свое учество Балабанов  имаше и во документарниот филм на МТВ ,”Цвеќето на мирот”, во 1994 година .
Инаку со негова поддршка му е испратено писмо и слика од Цветин на Императорот Хирохито при неговото устоличување во 1990 година.
metropolis-big