Во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот салон – Империјал 1 од 17 –30 номември 2021 во 20 часот ќе биде отворена
изложба на скулптури наречена “Трансцеденција” од скулпторот Слободан Милошески.
На изложбата ќе бидат изложени 15 скулптури работени во материјал метал, создадени последниве 2 години.
Слободан Милошески во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје – вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Националната уметничка академија во Софија, Бугарија, на катедрата за скулптура. Досега има реализирано 22 самостојни изложби, а учествувал на повеќе од 70 групни изложби во земјата и во странство. Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во јавен простор, меѓу кои: скулптурите на Живко Чинго, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски, спомен-обележјето на Првото заседание на АСНОМ, скулптура на муза наменета за фасада на објектот „Стар театар“, скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР, како и скулптура поставена на Интернационалниот балкански универзитет во Скопје.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.