Утре, 10 ноември 2021 година во Јавна соба Скопје ќе се одржи работилница „Јавните простори и улогата на граѓаните и општините во нивното планирање, одржување и трансформација“.
Истата ќе ја води архитект Ива Петрунова и ќе има за цел да поттикне размена на идеи и размислувања на теми поврзани со јавните простори во нашето маало и општина, особено да се продискутираат позитивните и негативните примери, како и да се мапираат јавните простори кои имаат потреба од трансформација односно подобрување – игралишта, паркинзи, тротоари, паркови, патеки и сл.
На настанот, поканети се и новоизбраните градоначалници на двете општини како и претставници од секторот урбанизам на двете општини, а освен тоа, на работилницата ќе присуствуваат и претставници на Амбасадата на САД кои ќе ја презентираат накусо програмата за финансирање.
Работилницата се организира во рамки на проектот „Наш град“, поддржан од Амбасадата на САД.