Стинг, артист од А листата на светски музички изведувачи, ќе одржи концерт во Сараево во олимписката сала „Зетра“, на 19. март (сабота) 2022, во 20 часот.
Концертот ќе биде во рамки на неговата „My Songs“ турнеја, која беше прекината од познатите причини, а истовремено ќе биде и промоција на неговиот нов албум „The Bridge“ кој излегува на 19. ноември.
Ова ќе биде прв концерт на Стинг во Сараево во неговата пребогата кариера и после концертот на U2 во Сараево, одржан во 1997-ма на стадионот “Кошево”, е најголем музички настан на сите времиња досега во Босна и Херцеговина!
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок, 12-ти ноември во 09 часот наутро преку продажната мрежа на kupikartu.ba и онлајн преку истиот линк.
Авалон Продукција го букираше и сама е организатор на овој врвен настан во Сараево.