На 11 ноември и во Ко-Ра се најавува нова изложба. Изложбата „Обвивки“ е социолошка анализа или едноставно „согледување“ на човекот како емотивно битие, во речиси меланхоличен свет. Истражување на видливото и површното во едно општество преточено во девет стилизирани фигуративни скулптури.
Филип Цакоски ( 1998 од Прилеп, Република Македонија) е дипломиран вајар на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, отсек вајарство, модул сценографија, во класа на проф. м-р Жарко Башески.
Член на ДЛУМ од 2020 година, учесник на повеќе групни изложби и настани, во и надвор од државата.
Изложбата ќе ја отвори поетот Филип Димкоски и ќе зборува за авторот и делата.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.