Преку Youtube каналот на Десонанз Фестивал, на 29 и 30 октомври 2021 година премиерно ќе бидат емитувани авторските настапи на:
Марко Рикалоски
Филип Митров
Tears In Rain
Овогодинешното 12-то по ред издание на Десонанз ќе се одржи виртуелно, согласно безбедносните мерки. Онлајн програмата ќе биде распоредена во два фестивалски денови, а фокусот ќе биде насочен кон локалната современа електронска музика.
Во октомври се навршуваат 13 години од постоењето на Десонанз Фестивал – еден од најпроминентните културни настани во Македонија. Заради пандемиските услови, фестивалот не се одржа минатата 2020 година.
Десонанз Фестивал е организиран благодарение на финансиската поддршка на Delegation of the European Union Skopje и Europe House Skopje.
Институционален партнер на фестивалот е Кинотеката.
Соработници на фестивалот и благодарност до: СОКОМ, Алшар Студио, Persona Film Production, Petar John, Fotoroot Photography, Amok Radio, Oubli, Babylon.