Новата преработка на цртаниот филм „Кралот лав”, овојпат во облик на игран филм, го претстави компанијата „Дизни“ со првиот официјален трејлер.
Несомнено ова е филм што го чекаат и возрасни и деца а новата верзија на хитот на „Дизни“ (1994) својата премиера ќе ја има премиерата на 19 јули годинава. Филмот ќе биде прикажуван најнапред во САД, а потоа и во кината низ светот.
Гласовите на ликовите ги позајмуваат Доналд Гловер (како Симба), Чиветел Еџиофор, Бијонсе, Сет Роген, Џејмс Ерл Џонс и други.
Сценариото е на Џеф Нејтансон, а режисер и главен продуцент е Џон Фавр.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.