После двете песни испеани на фестивалот „Златно славејче“, 2019-та година Марија Јанчевска покрај на поезијата и глумата, одлучи да се посвети на музиката. Деновиве може да се чуе нејзината нова песна, искомпонирана по нејзин текст.
Песната со наслов „ Светот е наша дестинација“, музика на Иван Стоинев композитор од Бугарија и аранжман на Цане Петров e музички пренесена порака од Марија за децата на целиот свет, и се појавува токму пред нејзиното авторско гостување во Ќустендил- Бугарија, каде ќе ги претстави нејзините две поетски книги „Сентиментални отпачатоци на времето “ и „Солза“ кои се изблив на веќе зрелиот поетски исказ на младата Марија . Поетската вечер на Марија ќе се одржи во Галеријата Картинка „ Владимир Димитров-Мајсторот“ во организација на Библиотеката „Добрина“ на 19 април од 18 часот.