ИЗЛОЖБА: Волшебни слики на Ташковски, вреди да се погледнат барем два пати

Скопје, 21 октомври 2021

Ретроспективната изложба на академик Васко Ташковски,вечерва беше отворена во преполниот Даут-пашин амам, претставени слики, акварели и цртежи од сите творечки фази на авторот.
Тој е водечки претставник на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, со широка афирмација на Балканот, во Европа и светот.
За значењето на Ташковски надвор од рамките на нашата земја, неизбежен е податокот дека тој е единствен македонски автор (во времето еден од двајцата југословенски сликари застапени во ова издание), кој е претставен во едицијата „Сликари на фантазијата (од Хиеронимус Бош до Салвадор Дали“ / “Painters of fantasy (from Hieronimus Bosch to Salvador Dali)“, од 1974 година, во издание на Phaidon, а по избор на Вилијам Гаунт. (Вилием Гаунт, Фантастично сликарство од Хиеронимус Бош до Салвадор Дали, Федон, Лондон, 1974, и Grafički zavod Hrvatske, 1980).
Добитник е на значајни награди во поранешна Сфрј.
Оваа изложба, со сета своја волшебност, вреди да се погледне неколку пати.
Објавен е и каталог со сликите, кој, како и самиот материјал внатре , изгледа волшебно.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.