Две изданија со драми за Скопје од Томислав Османли

Деновиве e објавен изборот  „Драми за Скопје 1 и 2“ на драмскиот автор, сценарист и прозаист Томилав Османли. Станува збор за издание во два дела, во која се поместени пиеси, монодрами и сценски прикази со Скопје, кои се еден вид хронологија на неговото драмско творештво.

Во првата книга се содржани  трите целовечерни пиеси: „Светулки во ноќта“, „Техно ѕвезда“ и „Пат за Парамарибо“, проследени со информации за нивните изведби и со предговорите на авторот напишани за театарските програми. Во втората книга се посметени монодрамите „Облачна исповед“ и „Дирекција за внатрешна контрола“ (единствен неизведен текст од двотомната објава), како и сценските повести „Мементо за еден град“ и „Пруга за ледната пролет“.

Во своите пиеси, Османли се јавува делумно со носталгии во историските чувствувања на Скопје, но и со тревожен драматски лиризам. Во своите театарски текстови тој критички говори за времињата на новите искушенија на Градот низ судбините и психолошките прекршувања на неговите обични, мали луѓе. Така, два од неговите драмски текста се непосредни реплики на југословенската војна која во 1999 се случуваше во соседството („Техно ѕвезда“, изведена 2000 година), и на судирот од 2001 година кај нас, и светскиот судир започнат со терористичките акти врз Америка (во пиесата „Пат за Парамарибо“, изведена 2002-та).

Книгоиздателството „ВиГ Зеница“, издавач на ова издание, кои овие две дела на Османли ги претставуваат, како имагинативно бродење низ историјата, и сценски погледи врз нејзините хировити игри што се случуваат на еден простор, во Скопје, но и во  драмата на обичниот човек збиен во големата, драматична мелница на историјата. Во овие драми на свој начин се спојуваат минатото сегашноста и иднината.

За досегашните сви драми поставени на сцените во театрите во Макеоднија авторот има добиено и повеќе награди и признанија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.