Второто издание на Скопски Градски Фестивал донесува возбудливо музичко искуство кое ќе ни го овозможат најдобрите балкански и европски музичари, на 16 октомври во 13 часот на Школка во Градски парк.
Zulu 3.4 – најдобрата македонска fusion група, составена од извонредни музичари, ќе го промовира својот нов албум насловен „Fragments„.
Атанасовски Хаџиманов Дуо – Васко Атанасовски е водечки словенечки и европски саксофонист а Васил Хаџиманов е најдобриот светски џез-пијанист на електрично пијано.
Thanos Stavridis & drom – Thanos Stavridis е водечкиот Грчки музичар, факултетски професор и еден од најдобрите европски инструменталисти на хармоника, лидер на групата “drom” составена од исклучителни грчки музичари. Тој ќе го промовира својот нов албум “Spicey Margarita”, прогласен за еден од најдобрите европски World music албуми во 2021 година.
Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје.
Второто издание на Скопски Градски Фестивал на 16 октомври
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.