-Нашиот став е дека никогаш не треба да се предадеме и дека ако престане да се свири и пее, престанува и животот. Поради тоа, заедно со нашите спонзори- стратешки партнери, одлучивме двата фестивала SKOPJE SOUNDS GOOD и SKOPJE CALLING коишто беа откажани поради деновите на жалост и поради катастрофата во Тетово, да се одржат во форма која е единствено возможна во овој момент – најави организаторот “Авалон продукција”.
Како што посочуваат оттаму, “SKOPJE SOUNDS GOOD”, со скоро непроменет line up ќе се одржи на 29.октомври, со настапи на “BUČ KESIDI”, “NIPPLEPEOPLE” и “FUNK SHUI”, а утредента на 30-ти октомври ќе се одржи македонско издание на “SKOPJE CALLING” исклучиво со домашни диџеи и тоа: GALOSKI, CYRILLIC, CHRIS J и JANA SLAYY. Со вакво одржување на “SKOPJE CALLING” не само што ќе имаме можност за добра забава, туку им даваме шанса и на македонските артисти да настапуваат под овој сериозен фестивалски бренд, додава организаторот.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во четврток (7. октомври) во 09 часот наутро, во строго ограничен број по следниве цени:
SKOPJE SOUNDS GOOD- 700 денари
SKOPJE CALLING – 500 денари
Блок влезница (за двата настана)- 900 денари
“Skopje Sounds Good” и “Skopje Calling” ќе се одржат согласно актуелните протоколи за одржување на јавни настани.
“Skopje Sounds Good” и “Skopje Calling” сепак ќе се одржат, на 29. и 30. октомври во МКЦ
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.