Скопје, 3 октомври: Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ повторно во живо. По минатогодишното онлајн- издание, деветтото издание на Џифони Македонија ќе се одржи од 7 до 12 октомри во Скопје, на добро познатите локации: во Кинотеката, во Младинскиот културен центар и во киното „Милениум“.
Повикот со кој се повикуваат сите ученици од средните и од основните училишта да се пријават за учество во меѓународното жири и пријавувањето е отворено до 4 октомври (понеделник). .
Во намален број заради протоколите за безбедност, околу 180 ученици од основните и средните училишта од градот заедно ќе гледаат филмови и ќе учествуваат на креативни работилници, мастеркласови и други интересни содржини.
За учесниците од странство и од другите градови во Македонија ќе биде обезбедена видеоконекција преку која ќе им се приклучат на своите врсници во активностите.
Пријавувањето е отворено до 4 октомври (понеделник).
Формулар за пријава во категоријата Јуниори (VI, VII, VIII и IX одделение) https://tinyurl.com/Juniori21
Формулар за пријава во категориите Кадети и Сениори (I, II, III и IV година средно) :https://tinyurl.com/GiffoniMK21
Формулар за волонтери: https://tinyurl.com/GiffVolonteri
Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од македонската Агенција за филм и Министерството за култура, Град Скопје, партнерот од Италија – „Џифони Експиериенс“ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.