Официјално, за прв пат во нашата земја, најпоставуваниот драмски текст на наградуваниот американски автор Сем Шепард – „Вистинскиот запад“,ќе биде одигран на 26. (недела) и 27. (понеделник) септември од 20 часот, во Младинскиот културен центар.
Сте се фатиле ли себеси во момент кога правите нешто што е наметнато од општествените трендови и се пресметувате каква слика оставате во очите на другите? „Вистинскиот запад“ ја дава сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошо организираниот свет. Потребата да си најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од „што сум направил до сега?“ не исчезнува.
Играат: Томислав Давидовски Марјан Наумов Мартин Манев Тања Кочовска
Текст Сем Шепард, режија: Борис Василески, сценографија и дизајн на светло:Мартин Манев, костимографија: Симона Данска, извршен продуцент: Ава Хусеини.
Превод од англиски јазик Марио Стојановски.
Музика: Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски.
Дизајн на постер: Ана Јачева
Билетите по цена од 350 денари се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk. Изведбите на претставата се организираат согласно актуелните протоколи за организација на настани.
Претставата е финансиски поддржана од Министерство за култура.