Во рамки на проектот „15 април – Светски ден на уметноста“, Центарот за Визуелна комуникација „Ефектива“ со поддршка на општина Центар, им подготвува на граѓаните на Скопје несекојдневно визуелно и едукативно доживување.
По повод Светскиот ден на уметноста, Даут Пашиниот Амам на 15-ти април ќе биде простор каде ќе се одбележува овој Светски настан,чија корист за јавниот живот е многукратна. Првично целта во светот е воздигнувањето на обичниот човек над секојдневието и збогатувањето на естетските и културните вредности на граѓаните, и приближување на вистинската уметноста до граѓаните.
Изложба под отворено небо, ликовен конкурс за учениците од основните училишта во Центар, едукативни работилници, трибина се дел од настаните кои на 15 април ќе придонесат одредени делови од Скопје да станат вистински уметнички катчиња.
Светскиот ден на уметноста се одбележува од 2012 година, а годинава Скопје ќе се приклучи на овој глобален настан за прв пат.