Деновиве, на YouTube (ЈуТјуб) каналот на бендот АнтиарТ беше објавена втората песна, која ќе се најде на нивниот втор албум. Песната насловена “Вера” доби уникатен видео запис, исполнет со симболика.
“Вера” е композиција на басистот на бендот, Никола Бочваров, вокали и текст на Леана Таќи (Леа), Давид Матевски (гитара), Гордан Спасовски (клавијатури) и Дино Милосављевиќ (тапани).
Видеото го монтираа Никола Бочваров и Благоја Неделковски, а камерата е заслуга на Димо Попов и Самир Љума. За аудио едитирањето се погрижи Горан Гешовски.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.