Од денеска (8. септември) до сабота (11. септември), четвртото издание на Skopje Light Art District. Секоја вечер од 20:00 до 00:00 часот! На вкупно 15 локации, од шалтер салата на Пошта до Градскиот парк, 25 светлосни дизајнери и уметници по четврти пат на Скопје и скопјани ќе им ја претстават магијата на светлосната уметност.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, директорот на ЈУ Универзална сала и извршен продуцент на фестивалот, Филип Аврамчев и уметничката директорка на SkLAD 2021, Александра Стратимировиќ, го најавија почетокот на 4-тото издание на меѓународниот фестивал на светлина, Skopje Light Art District.
– Четвртото издание на Меѓународниот фестивал на светлосната уметност Skopje Light Art District, меѓу скопјани попознат како Фестивалот на светлината, оваа година поради 30 годишнината од македонската независност, симболично започнува на 8-ми септември. Замислата на фестивалот е да внесе малку светлина и боја во секојдневието кое го сите го живееме и да ни ја покаже убавата, шареноликата страна на животот, изјави градоначалникот на Скопје, Шилегов на прес конференцијата по повод претстојното отворање на фестивалот.
Следете ја светлината. Преземете ја мобилната апликацијa:
https://apps.apple.com/us/app/sklad2021/id1581473681
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.sk.sklad2021