Денес, 8 септември 2021 година (среда), по повод 30. годишнината од независноста на нашата држава ќе се одржат серија манифестации по следниов редослед:
1. Од 8 часот по повод 8 Септември – Денот на независноста премиерот Зоран Заев на гробиштата „Бутел“ на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Борис Трајковски и Киро Глигоров ќе положи цвеќе и ќе оддаде почит.
Присутни на настанот ќе бидат и Артан Груби, прв заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Љупчо Николовски, заменик-претседател на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции и Мила Царовска, министерка за образование и наука. Ќе бидат присутни и многу други делегации, амбасади и политички партии.
2. Од 12 часот – премиерот Зоран Заев ќе присуствува на свеченост по повод доделување Орден „8 Септември“ на Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско Собрание, и на пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година. (Кабинет на Претседателот ).
3. Од 17 часот – Централна манифестација пред Собранието .
Пренос во живо од настаните ќе има на Националната телевизија како и на каналите на социјалните мрежи на Владата на Република Македонија.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.