Не би бил напредокот, ако нема револуција. Не би бил човекот, ако не е храната. Како таа се произведува и зошто треба да се промовираат традиционалните, автохтони вредности во земјоделството и кулинарството е идејата на новата емисија „Градината на Филип“ на Радио Пела во рамките на новата програмска шема на мултимедијалниот медиум. Програмата „Радио што се гледа“, во терминот од 17 до 19 часот започна со нови содржини кои се емитуваат на три платформи : видео веб стриминг во живо на Фејсбук, на радио брановите 96,8 ФМ и на интернет радиото Пела.

Со тоа стартуваше единствената емисија во живо во Македонија, која што се занимава со едукација во областа на градинарството, цвеќарството и одгледувањето на домашни животни. Целта на „Градината на Филип“ е да го промовира домашното, традиционалното и еколошкото производство на храна, да понуди и да сподели рецепти за готвење, а воедно остава простор за гостување на различни современи производители на храна кои ја сфатиле и ја промовираат идејата дека: Револуција се крева со мотика, а не со оружје!
Причината зошто оваа емисија се најде на програмската шема на Радио Пела е едноставна – да го разбудиме човечкото во нас: да научиме од каде доаѓа храната, како расте доматот, пиперката, јаболкото, да потсетиме цвеќето да добие навреме вода и храна, како се подготвуваат бабините рецепти, да не го заборавиме традиционалното и да научиме да ги почитуваме локалните производители – градинари, цвеќари, сточари, млекари …
Водител на емисијата е Филип Димкоски, земјоделски инженер, поет и новинар, кој своите три професинални љубови ги спојува токму во новата емисија – Градината на Филип.
Гордана Цветаноска