„Апокриф“ на Добрила и Дориан дуо како издание на СЈФ рекордс

“Апокриф” е насловот на првото издание на дуото Добрила и Дориан кое беше промовирано денеска под етикетата на Скопје џез фестивал (СЈФ).

Првиот човек на СЈФ Оливер Белопета на промоцијата истакна дека компакт-дискот „Апокриф” е 45. издание на SJF Records, а следи по минатогодишниот забележителен настап на дуетот Добрила и Доријан на ОФФ Фест.

Добрила Грашеска која и е позната на публиката и како дел од составот Чалгија саунд систем, со благодарност до СЈФ Рекордс кој, вели, верува во нивниот звук, истакна дека овој материјал е една зен – реакција, нешто што долго го носеле во себе и е производ на години созревање, размисли и  анализи за она што би можело да са направи со македонската музика и што од неа би можело да произлезе.

„Нашето време кое што сме го поминале со нас, во нас и заедно се појавува во „Апокриф”, нашето откривање на музиката, а уште повеќе откривањето на тишината која што се појавува меѓу неколку стиха, неколку експериментални звуци со кои сакам да си поигрувам. Тоа е она што сме го откриле во овој тн апокриф, она што е покриено, скриено, што е непризнаено, а ние сме нашле начини на кои ќе ги откриваме работите на наш специфичен начин. Затоа е апокрифно, затоа што е надвор од канонот, од она што го знаеме како такво и на кое сме му дале сопствен печат“, вели Добрила.

За Дориан Јовановиќ кој е препознатлив и как основач и член на Стринг форсис и на Чалгија саунд систем, албумот е плод на еден спонтан процес и искреност, како и на долгогодишното искуство., а токму таа искреност, вели, му носи најголемо задоволство

На промоцијата беше промовиран и видео-спотот за една од песните од албумот „Апокриф”. Албумот содржи седум традиционални композиции од македонското музичко поднебје, во аранжман и изведба на тандемот Грашеска/Јовановиќ. Дизајнот на обвивката е на Зоран Кардула.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.