Расказот „Човекот што носеше среќа“ од Иво Митев преведен на српски

Угледното српско списание за книжевност „Екерман“ го објави, во превод на
српски, расказот „Човекот што носеше среќа“ од македонскиот писател Иво Митев.
Митев дипломирал на Институтот за класични јазици при Филозофскиот факултет во
Скопје, а пишува од своите студентски денови.

Пишува раскази и драми. Неговата прва книжевна објава е во списанието за
книжевност, култура и општествени прашања „Современост“ во 2014 година.
Добитник е на трета накрада за краток расказ на конкурсот на Нова Македонија.
Неговата дебитанска книга носи наслов „Небесна фотографија и други раскази“, а
објавена е и наградена од страна на издателството Дата Песнопој од Битола.
Втората книга ја објавува во 2020 година, под наслов „Луѓе меѓу луѓето“, посветена на
Григор Прличев, а објавена од издателството „Алманах“ од Скопје.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.