За “гордата“ еднаквост, во поразувачки нееднаквиот свет кој го живееме

 

Колумна на  М-р Татјана Гогоска 

Деновиве многу различни ставови, многу различни приоди кон јавното нагласување на „Парадата на гордоста“, од страна на оние што самите сметаат дека се различни, па со прокламативни средства го вртат своето внимание кон себе, покажувајќи му на светот дека се еднакви.

Би почнала од исконските Божји Заповеди во кои „ГОРДОСТА“ е еден од најголемите гревови на човекот. Да си горд на себе си, на она што си и она што го поседуваш, те прави да го допреш дното во човековиот емоционален раст. Да се биде горд не е доблест на еден човек. А да се биде задоволен од своите човечки квалитети кои содржат љубов, емпатија кон другите, подадена рака на оној што е во неволjа, сочуство кон ближните, е тоа се доблести кои треба да се прокламираат и негуваат.

Сега малку за оние што ПАРАДИРААТ ГОРДО ! Неспорно е дека секој има право на избор, како ќе се чуствува и како ќе се однесува. Но, тоа не значи дека треба да се наметнува на општествената средина и да се привлекува внимание на сите категории на граѓани со нагласок дека овие ГОРДИ ПАРАДЕРИ и нiвните подржувачи не ги поштедија ни децата. Тоа пак преставува најголемо зло во едно општество. Злоупотребата на децата и наметнување на некакви ставови, кои не прават ништо друго во нивниот живот, освен наметнат хаос и бука во свеста, која може да има и далекусежни последици на еден кревок млад живот.

Несфатливо, малку сурово е помодарството во нашето општество, зад кое стојат  за жал и овој пат само исклучиво профитерски интереси на моќните поединци. Под паролата „Да се прифатат различните “ , се прокламира вредност која е далеку од човековата вредност за опстојување на светот.

И додека во  општествово има илјадници деца, млади и возрасни со пречки во развојот од психички и физички карактер, кои имаат минимални услови за достоен живот , а не им ни паѓа на памет да „Парадираат гордо“ , затоа што се маргинализирани и за нив се грижат само најблиските, подредувајќи го својот живот на нив.

Во општествово има илјадници луѓе ставени на работ на гола егзистенција, кои живеат едвај прехранувајќи се а да не зборуваме за можност за достоен живот, и на нив не им паѓа на памет да ПАРАДИРААТ ГОРДО, затоа што општеството ги ставило во позиција која ни оддалеку не ги прави горди.

Во општествово има илјадници болни од ретки, неизлечиви болести, кои не можат да си овозможаат операција или лекување, па бараат донации од добри луѓе за да си го продолжат животот. И на нив не им паѓа на памет да парадираат ГОРДО, затоа што секој ден им е борба за живот.

И на крајот, во општествово, како дел од глобалниот свет има изобилие на пари, кои не се подеднакво распоредени, никогаш и не биле, нема и да се, па така на оние среќници што ги имаат во изобилие и со самото тоа не се еднакви со масата, нити пак на нив не им паѓа на памет да ПАРАДИРААТ ГОРДО. Едноставно го уживаат животот.

И од сето ова, пак за ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА ! Дали е потреба, помодарство или зад сето тоа ова сепак стои скриено профитерство на поединци?

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.