Настаните “Филхармонија на отворено“ продолжуваат. Утревечер (среда) со почеток во 20 часот, во дворот на Министерството за култура ќе се одржи камерен концерт на кој ќе настапат музичари од оркестарот на Филхармонија.
Присутните ќе ги слушнат звуците на Чејс, Премру, Дебиси, Убер, Сен-Санс, Ловленд и Шостакович, а ќе настапат трио тромбони Бранко Илиевски, Никола Ристевски и Александар Ниниќ, потоа Скопски брас квинтет Стефан Илиев – труба, Вилијама Баракоски – труба, Благоја Василевски -хорна, Никола Ристески – тромбон и Александар Ниниќ – тромбон, Александра Чуруковска – контрабас, Филип Петрески хармоника, Маријана Николовска на пијано, Ева Богоеска, виолина и Марија Трајковска – виолина.
Летните топли вечери со културни содржини не враќаат во некоја нормала после долг период на изолација.