И конечно -Раширени крилја на македонската култура

Прес конференции, промоции, најави за фестивалски денови, филмски проекции, летни школи….информации кои ги преплавуваат македонските медиуми во областа на културата овие денови. И некако, сонливата магла што беше надвисната над културното небо, полека се подигнува и зраците на светлина на небото наречено креативност осветлуваат и даваат еден нов бран на култура, која после се и во се останува како вреден патоказ на постоењето, наше, овде или нечие, некаде.

Киното Милениум ги отвора вратите за посетители, Кинотеката со бројна програма во рамки на киното „Мирно лето“ а и МСУ со летна филмска програма. Скопско лето во својот нов стар сјај а најава за Охридското лето 61 по ред во редовниот термин од 12 јули од 22 август ,повторно не враќа после изместеното издание минатата година година во која одбележуваше шест децении на постоење, во старо-нови рамки. Бројни промоции, нови дела на млади автори но и избрани дела на автори од повозрасната генерација. Театарски премиери, концерти..едноставно КУЛТУРА!

И некако ми дојде да напишам: „ Културата преживеа “!

Го преживеа предизвикот на светската пандемија, успеа да се провлече и опстои меѓу празните сали, театри, концерти без публика, претстави без ехо. Се одржуваше и онлајн и со протоколи и без публика, промоции без аплауз, претстави без посакуваното Браво од публиката ……но ете успеа.

Сега со нов елан со нов сјај, со веќе нова во меѓувреме создадена креативна генерација во сите нејзини области па и публика старо-нова.

И да раширените крилја посакувам да траат долго затоа што и овој пат како потврда дека она што се создава останува како вечен паметник на секое постоење вредно за паметење.

М-р Татјана Гогоска 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.