Културно-информативниот центар-Скопје вечер од 19 часот ќе ја промовира книгата „Незадоволна” од Ксенија Николова на издавачката куќа „Култура“.
– Романот раскажува приказна за потрагата по внатрешниот мир и чувството на исполнетност на една жена и го соочува читателот со прашањето – што значи да се биде среќна жена?, соопшти КИЦ.
Ксенија Николова (1988, Скопје) е авторка и на делата „Ова не се Ромео и Јулија”, „Идиотски приказни“, „Макар уште еднаш“, „Емотивен манипулатор” и „Сите мажи ја сакаат Лиа”, а првиот роман го објавила на 20-годишна возраст.
Нејзината најнова книга „Незадоволна“ вечер ќе биде промовирана во паркот пред КИЦ и со почитување на здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19.
Книгата ќе ја промовира Живко Грозданоски, извадоци ќе чита Зорица Панчиќ, а ќе настапи и пијанистката Билјана Петровска.