Кока-Кола — газиран безалкохолен пијалак, кој се продава во продавниците, рестораните или во автоматите низ светот. Компанијата тврди дека се продава во повеќе од 200 земји. Се произведува во компанијата „Кока-кола“ во Атланта , и често ја нарекуваат само Кока или само Кола или Поп. Во почетокот, кога била измислена во 1886 година од Џон Пембертон, била наменета да биде лек, но по ова била откупена од еден стопанственик по име Аса Григс Кендлер, кој со помош на маркетинг тактики во текот на XX век, ја донел до денешната доминација на светскиот пазар на безалкохолни пијалаци. Во 2009 година, кока-колата која била произведена во Македонија била прогласена како најдобра кока-кола во целиот свет.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.