Во Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, која е дел и од календарот на важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО а носител на Програмата за реализација на манифестацијата ќе биде Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука .ПОкровител ќе биде претседателот на Р.Македонија, Стево Пендаровски.
Во рамките на Програмата, Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“, во соработка со МОН и Министерството за култура распиша два конкурса.
Првиот конкурс е на тема „Како ме поттикнува Конески“ за издавање на шестата книга од едицијата „Македонски збор“, со необјавени научни и стручни текстови посветени на ликот и делото на Блаже Конески.
Вториот конкурс е на тема „Поетски пораки за Конески“, за издавање на десеттата книга од серијата „Поттикот Конески“, со необјавени поетски творби посветени на ликот и делото на Блаже Конески.
Текстовите треба да се напишани на македонски литературен јазик (кирилица), а приоритет на вториот конкурс имаат ученици и студенти. Краен рок за испраќање на текстовите е 30 април 2021 година. Книгите ќе бидат објавени и промовирани во рамките на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“.