Месец февруари со разновидна филмска програма во Кинотека на Македонија

Кинотека на Македонија  во текот на месец февруари ја продолжува својата програма со разновидна атрактивна филмска понуда.

Од Кинотека најавуваат дека публиката ќе има можност да ги види филмовите со кои им се оддава почит на неодамна починатите, режисерот Душан Јовановиќ и актерот Мустафа Надаревиќ, остварувања на планетарно познатите Френсис Форд Копола, Хауард Хјуз, Фриц Ланг, Стенли Кјубрик, како и најдоброто европско остварување за 2020-та „Уште една тура“ на Томас Винтерберг.

Меѓу другите, за февруари на агендата се филмовите „Збогум морони“ на Албер Дипонтел и „Ослободување на Скопје“ на Раде Шербеџија.

Потоа „Илузија“ на „Светозар Ристoвски“, „Ноќна смена“ на Ан Фонтен, шведскиот „Кралството Шведска“ на Петер Дал, анимираниот руски филм „Фантастичното враќање во Оз“ од режисерот  Фјодор Дмитриев,

Од Федерико Фелини ќе биде прикажан „Интервју“, „Се’ е доволно“ од режисерскиот двоец Илиана Естањол и Јоана Лета, „Рајска птица од Кинг Видор“, македонскиот „Стела“ на Стојан Вујичиќ што имаше премиера на „Синедејс“, исто така и домашниот „Дедо и внук“ на Илија Пиперковски…

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.