МНТ- „Патишта на хероите„ најнов копродукциски проект

Македонскиот народен театар денеска на прес конференција ќе го најави најновиот проект „Патиштата на хероите“, кој е финансиски поддржан од Креативна Европа.

Станува збор за комплексен проект со времетраење од две и пол години, чиј почеток се очекува во февруари годинава. Покрај МНТ како главен партнер, во проектот се вклучени уште шест организации од кои една од Македонија (Издавачка куќа Гаврош), а останатите пет се од Италија (Ла Драматурџи), Грција (Лооп Амке), Босна и Херцеговина (Студио Театар), Словенија (Институт за театарска игра) и Србија (Ехо Анимато).

Од МНТ информираат дека како финален производ на проектот, во 2022 година ќе биде премиерата на копродукцијата „Народен непријател“ на Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, во која ќе учествуваат автори од сите партнерски земји, во изведба на актери од ансамблот на МНТ.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.