„Кога насилството, станува престиж“ – Конкурс за творби од деца на тема : НАТО

Деновиве сите загрижени за остварување, т.е. прекршување на основните детски права, обезбедени со Конвенцијата за заштита на деца на Обединети Нации, се затечени од Конкурсот кој беше објавен како натперавар во литературни творби со наслов “НАТО и јас “, а наменет  во првата верзија за деца од основно и средно образование, за потоа со продолжен рок од 29.март на 4. април да биде пренасочен само за средношколци.

Преземено:

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА  И  ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“ – СКОПЈЕ,  по повод одбележување на 70 години од формирањето на НАТО  и идниот прием на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО, објавуваат,  Конкурс за избор на најдобар есеј на тема,  „НАТО и Jас“…..

Покрај есејот секој кандидат треба да достави:

1. Кратка биографија со свои контакт информации (адреса, телефон, електронска пошта, година на школување и назив на средното училиште);

2. Есеите заедно со другите документи треба да бидат доставени на следната емаил адреса: [email protected]

Важни датуми:
Краен рок за доставување на есеите: 04 Април 2019 година
Извесување за најдобрите три есеи: 05 Април 2019 година
Презентација на наградените трудови: 07 Април 2019 година

Целиот Конкурс можете да го видите на овој линк, а патем да забележите дека крајниот рок е 04.04 , а резултатите ќе бидат објавени веќе на 05.04.2019 …http://www.mod.gov.mk/?objavuvanje=

Во очекување на објавата на наградените, кои комисијата во еден ден експресно ќе ги определи, да потсетиме за оправданата реакција на Првата Детска Амбасада Во Светот “Меѓаши “, која експлицитно ги објаснува повредите на детските права. Тие меѓу другото истакнуваат:

“Загрижени сме по повод објавениот конкурс за творби за светското одбележување на 70 годишнината од формирањето на Северно- атлантската алијанса (НАТО пактот). Темите на конкурсот кои „би ги доближиле претставите, поимот и значењето на НАТО“ сметаме дека се промоција на воени теми и идеи, а спорна е и возраста на децата, особено најмалите бидејќи конкурсот е наменет за деца на возраст од 4 до 17 години. Обид за манипулација и индоктринација на деца од основните и средните училишта во Македонија.
Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ остро реагира на активноста на „ГАУС институт – фондација за нови технологии, иноваации и трасфер на знаење“ на последната активност за одбележување на годишнинаната на НАТО алијансата во основните и средните училишта. Формата е класичен начин на одбележување на годишнина преку раскази, есеи и цртежи каде се дава можност дури и за критики, но сепак забележлив е позитивниот контекст кој се дава на НАТО алијансата и одбележување на годишнината..„

Оттаму потсетуваат на сите Членови од Конвенцијата за правата на децата, кои се многустрано повреди со овој наметнат Конкурс а тоа се :

Член 3 од Конвенција за правата на детето
„Во сите активности кои се однесуваат на децата, од примарно значење се интересите на детето , без оглед на тоа дали ги спроведуваат јавните или приватните институции за социјална заштита , судовите, административните органи или законодавните тела.

Државите членки се обврзуваат на детето да му обезбедат таква заштита и грижа кои се неопходни за неговота благосостојаба , замајќи ги во вид правата и обврските на неговите родители , законските старатели или на други поединци кои се правно одговорни за детето и за таа цел ги правземаат сите потребни законодавни мерки.

Државите членки се грижат сите институции, служби и установи кои се одговорни за грижа или за заштита на децата да бидат во согласност со стандардите што ги имаат утврдено надлежните органи , особено во областа на сигурноста и здравјето, бројот и достојноста на персоналот , како и на стручниот надзор.“

Член 118 од Устав – „Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.“

Член 42 од Устав – „Републиката посебно ги заштитува мајчинството, децата и малолетните лица.“

Член 12, став 4 од Законот за заштита на деца, „се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување.“

Собранието ја има усвоено Декларацијата за заштита на правата на детето од политичка манипулација и злоупотреба донесена во 1991. Апелираме на внимателно и промислено однесување на политичките партии на власт и поставување на теми кои ќе промовираат соживот и позитивни вредности кај децата и младите без присуство на воени структури и воени дејствија- заокружуваат од „Меѓаши„.

Прашуваме, дали за учество на децата потребна е согласност од родителите или тоа оди по наредба од МОН и професорите?

Нашиот коментар – Во насока на неопходноста од темелно едуцитрање и запознавање на учениците со НАТО Алијансата, агресиите или одвојување на учеството на оваа Алијанса во воените светски конфликти, како агресор или бранител? Веруваме дека учениците се збунети од целокупната поставенот на Конкурсот и се прашуваме колку е за нив потреба и престиж да се вклучат во ваков награден Конкурс со посета на оваа Воена организација? За што да пишуваат? Ва наметнатите војни, за жртвите, за мигрантите, за илјадниците останати без дом или без живот?

Сепак промоцијата на мирот, ненасилството, избегнување на воени конфликти се параметрите на кои вреди да ги учиме младите генерации. Поттикнувањето на агресија не оди во прилог на никој а најмалку на децата, знаејќи дека токму децата и жените се најголемите жртви во воените конфликти во кои учествува НАТО. (Србија,Сирија,Ирак…..)

И за крај: Да, треба сите да реагираме, треба родителите да реагираат за заштита на своите деца, но со потсетување не толку далечно време, но болно: Требаше ли да се реагира кога се правеа првите чекори за по секоја цена на влегување во НАТО? Требаше ли да се чуе гласот на народот? Требаше ли тој глас да биде погласен и поброен? Дали некој размислува за чии војни многу деца ќе останат без татковци повторно? И да не ги заборавиме децата на Бранителите од 2001-ва  или пак децата на погинатите во Војната 1941-45 ……и да не се навраќаме наназад.

Сепак да ја подржиме промоцијата на мирот и ненасилно решавање на конфликти. Во тој дух да ги образуваме младите генерации штитејќи ги нивните права! Да го славиме мирот, да твориме за мирот, за разбирањето, хармонијата и животот. Убаво е така да ја боиме иднината на децата!

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.